АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Јавното претпријатие „Водовод“ санира голем дефект на водоводната мрежа на излезот од Битола. Со работата на терен се создаде и кал на патот Битола -Прилеп кај Оризари. По санацијата, вработени од јавното претпријатие со новата мултифункционална цитерна го измија и коловозот. Калта е отстранета од патот, а сообраќајот се одвива непречено. Употреба на цистерната е наменета за учество во кризен менаџмент, но има повеќе намени, па со неа може да се дистрибуира вода во кризни подрачја, миење улици и гаснење на пожари. Беше набавена преку проект за погранична соработка на Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион, а предадена е во сопственост на „Водовод“.