ВМРО-ДПМНЕ денеска по третпат излезе на протести во 10 градови низ дражавата. Во Битола, исто како вчера, блокирана беше крстосницата меѓу ул. „Димитар Илиевски Мурато“ и ул. „Никола Тесла“ - кај Гроздот, а протестот се оджа од 15 до 17 часот. Барањето е Владата јавно да го објави таканаречениот „патоказ“ за преговорите со Бугарија.
„Еве сме денес по трет пат собрани во нашиот град, членството и симпатизерите на ВМРО – ДПМНЕ, под мотото ИЗЛЕЗИ ЗА МАКЕДОНИЈА ! Се протестира во десетте најголеми градови во Македонија. ИЗЛЕЗИ ЗА МАКЕДОНИЈА ! Јас би додал, излези за Битола, излези за својата населба, маало, и конечно излези за твоето семејство. Кога ќе помислиме дека сме го достигнале дното, оваа хибридна и криминогрена власт, не убедува во спротивното: Умеат тие и уште пониско ! Протестираме за сите навреди и понижувања, што на национална основа ни ги приреди Заев и другарите. Протестираме против велепредавството и распродавањето на националното ткиво на Македонија. И конечно, протестираме против националниот срам што мафијата на власт ни го приреди пред меѓународната заедница. Но, доаѓа ново време и овие плиткоумни властодршци, (што се на привремена работа во македонската влада), ќе заминат во други македонски институции, со драстично намален конфор“, изјави Зоран Николовски од ВМРО-ДПМНЕ.