2win800x200

Се обновува пешачката патека на Тумбе Кафе

Јуни 10, 2021

 

Градоначалничката на Општина Битола,  Наташа Петровска, денес изврши увид на работните активности на Тумбе Кафе, кои ова лето комплетно ќе ја променат повеќедецениската лоша состојба на патеката по која секојдневно минуваат голем број битолчани за спортски или рекреативни цели. Согласно предвидените рокови за реализација и динамиката на изведба, патеката ќе добие нов коловоз најдоцна до крајот на идниот месец. Граѓаните кои рекреираа или се одмораа под сенките на Тумбе кафе со голема радост го поздравија овој проект, потврдувајќи ја неговата неопходност и значење за сите граѓани.
Градежните активности за реконструкција на пешачката патека на Тумбе кафе се реализираат во должина од 538 метри со вкупна вредност на инвестицијата на Општина Битола од 5 304 304 денари.
Реконструкцијата на пешачката патека на Тумбе кафе се врши согласно Програмата за комунални дејности и уредување на градежно земјиште на Општина Битола.Можно е да е слика од 3 луѓе, луѓе кои стојат, надвор и дрвоМожно е да е слика од 2 луѓе, луѓе кои стојат и надвор
Можно е да е слика од 3 луѓе, луѓе кои стојат и надвор
 
 
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани