Webp.net gifmaker

Обединетата македонска дијаспора (ОМД), ПримеПоинт Партнери и ДПД Архангел Битола заедно организираа хуманитарна акција во Битола

Јуни 21, 2021

На Домот за стари лица во Битола „СЈУ Рајдер“ беше донирана облека, која поради ограничувања на ковид-19 се изврши само до влезната врата од објектот за да не се загрозат животите на постарите граѓани. Втората донација која се состоеше од облека и помош за дом, која беше наменета за семејството Митрески од село Мусинци, кое неодамна го загуби својот дом во трагичен пожар. Исто така во тек е акција организирана преку фејсбук каде веќе има собрани над 4.000 УСД за помош на семејството и се охрабруваат и другите да се вклучат во оваа акција.

Членот на УО на ОМД и директоркта Мери Аутоу од Канада посочи: „Овој проект започна како едноставна идеја – да се испрати облека на оние на кои им е потребна во Македонија, но потоа стана многу повеќе. Поврзувањето со сограѓаните Македонци чија желба е да придонесат за другите, особено во периодот на пандемија, беше инспиративна. Би сакала да им се заблагодарам на многуте Македонци во Торонто кои донираа облека / финансиска поддршка, а особено на Крис и Тина Андоноф за помошта и поддршката. Им благодариме на ПримеПоинт Партнери и ДПД Архангел Битола, за неверојатната работа преземена на другиот крај од овој проект. Се надевам дека оваа иницијатива ги поврза Македонците во дијаспората со Македонците во татковината, на многу подлабоко и значајно ниво“.pomos2

Доброволното противпожарно друштво Архангел во Битола изминатата недела покрај оваа акција имаше колективно дарување на крв во просторите на трансфузија во Битола и уште еднаш ја покажа својата хуманост на дело. Маја Сталеска од ПримеПоинт Партнери ни посочи дека: “Оваа акција е само мала искра на големата желба на нашата дијаспора да им помогне на луѓето во Македонија, и ние бевме многу среќни што бевме дел од неа. Им благодариме и на Царинската Управа за поддршката во процесот на документација за донацијата“.pomos3

 

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани