Секретарот за меѓународна соработка на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија и актуелен министер за правда Бојан Маричиќ денеска беше помеѓу граѓаните на општина Битола.
Посетата ја започна со маалска средба во населба Буковски Ливади каде имаше можност од локалното население да слушне што е реализирано, што бараат и кои се потребите на жителите на оваа населба.
“ Жителите на Буковски Ливади се задоволни од досега реализираното, но секогаш може да се направи нешто повеќе. Затоа и овој пат ќе го понудиме најдоброто. Ќе понудиме концепт кој што води напред, концепт кој што дава резултати. Во многу општини ширум државата забележан е сериозен напредок и развој. Општина Битола е еден од примерите за домаќинско и успешно менаџирање на локалната самоуправа” - напиша на својот фејсбук Бојан Маричиќ.