АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
На сцената на Народниот театар во Битола, денеска НУ Драмски театар Скопје ќе го отвори Меѓународниот фестивал на монодрамата во Битола со претставата „Кармен“, од шпанскиот автор Мигел Делибес, а во режија на Дејан Пројковски.
Претставата „Кармен“ е исповед на една жена за нејзините неостварени желби и соништа преку кои влегуваме во светот на малограѓанштината, лажниот морал, општествените заблуди, просечноста и ниските страсти. Својата премиера „Кармен“ ја дожиева на матичната сцена на 23 мај 2021 година.
„Кармен“ ја толкува актерката Биљана Драгиќевиќ Пројковска. Сценографијата е на Валентин Светозарев, костимографијата на Раде Василев, а композитор на музиката е Горан Трајкоски.