Знам како се сака и како дише Битола - Горан Козаров ја достави кандидатурата и програмата за кандидат за градоначалник од редовите на СДСМ

Јули 06, 2021

Горан Козаров, актиелен директор на ЈКП Водовод  Битола на својот Фејсбук профил објави дека доставил кандидатура за градоначалник на престојните локални избори и објави дел од неговата порграма 2021-2025 година. 

Почитувани битолчани, драги мои сограѓани, роднини и пријатели...
На мое големо задоволство, ви соопштам дека ја доставив мојата кандидатура и програма за градоначалник на Општина Битола за престојните локални избори 2021-2025 година.
Вашата силна поддршка позади мојата кандидатура ја доживувам како огромна чест и секако голема одговорност.
Немам зборови со кои би ја искажал мојата благодарност за искажаната доверба од моите сопартијци за големиот број на предлози кои ги добив од сите месни организации на СДСМ.
Ограмно благодарам и на моите сограѓани, спортски активисти, НВО работници, млади и стари кои секојдневно ја даваат својата несебична поддршка со надеж која се чита од нивните лица.
Како битолчанец, како човек кој ја расте својата фамилија во Битола, секојдневно се соочувам и живеам со реалните проблеми на моите битолчани, проблеми кои се и мои.
Како директор на ЈП Водовод и како координатор на СДСМ во ИЕ 5, изминативе четири години, секојдневно заедно наоѓавме решенија, а мојата врата била секогаш отворена, телефонот достапен, а кафето на Широк Сокак топло и пријатно за секој добронамерник.
Знам како се сака и како дише Битола и заедно со вас ја делам Визијата за нашиот град.
Охрабрен од Вас, се решив на овај голем чекор и нашата Визија за Битола да ја преточам во една предлог програма со која заедно ќе излеземе и ќе победиме на следните локални избори.
Уште еднаш Ви се заблагодарувам за поддршката и се надевам дека ЗАЕДНО ќе го изодиме и овај дел од патот за поубава, посреќна, подобра Битола.
Можно е да е слика од Goran Kozarov и текст
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани