2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

На денешен ден е формиран Партизанскиот одред "Даме Груев"

Јули 06, 2021

НА ДЕНЕШЕН ДЕН, 6 ЈУЛИ 1942, над селото Златари на планината Бигла, Ресенско, формиран е Битолско-преспанскиот Партизански одред „Даме Груев“.

Тој бил воена единица на НОВ и ПОМ, односно НОВЈ. Набрзо откако бил формиран, на 2 август 1942 г. ја уништил општинската зграда и одржал митинг во селото Смилево. Потоа, на 18 август 1942 г. извршил напад на бугарската полициска станица во селото Кажани, Битолско, на 21 август 1942 г. извршил напад на бугарските сили во селото Златари, Ресенско, а на 21 октомври на бугарската окупаторска полиција во селото Сопотско, Ресенско.

По овие акции се поделил на две групи и се префрлил на територијата на Преспа под италијанска окупација. Во неговиот состав влегол и Битолскиот Партизански одред "Јане Сандански". По заминувањето во Леринско и Костурско, заедно со Леринскиот Партизански пдред "Вичо", во април-мај 1943 г. учествувал во разбивањето на месните контрачети.

Заради зголемениот прилив на нови борци, од него во Прекопана, Костурско, во мај 1943 г. бил формиран нов Битолски Партизански одред "Гоце Делчев". Потоа пак се вратил во Битолско, а оттаму 17 јули 1943 г. главнината преминала во Дебарца каде што извршувала диверзантски акции и влегла во составот на новоформираниот прв Народноослободителен баталјон "Мирче Ацев". Делот од одредот што останал во Преспа, по капитулацијата на Италија, заедно со Битолскиот партизански одред "Гоце Делчев", кај селото Љубојно разоружале над 200 италијански војници на 12 септември 1943 г., а подоцна, во ноември 1943 г., влегле во составот на Битолскиот баталјон "Стив Наумов". Наредната година, на 4 септември 1944 г. пак бил формиран истоимен одред кој дејствувал долж патот Ресен-Битола во составот на 49-та дивизија на НОВЈ.

Подготвил: д-р Александар Литовски, историчар

 
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани