АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Македонските возачи ги соборуваат црните рекорди на патиштата низ државата. Деновиве радарите на сообраќајната полиција на автопат регистрирале брзина од 320 километри на час, а исто така, надминат е редкордот кај оние кои седнуваат пијани зад волан, па кај возач измерени се 3,74 промиљи алкохол.
Вчера претпладне во акција на полицијата на цела територија на држвата, регистрирани се 400 возачи кои ја пречекориле дозволената брзина, а дури 230 возачи биле во алкохолизирана сосотојба, од нив 35 во Битола. Нема старосна границиа во овие прекршоци. Фрапантни се и бројките на затекната возачи кои управуваат без возачка дозвола, најмногу млади лица, велат од полицијата.
-Загрижувачка, а јас би рекол дека е застрашувачка ситуацијата кога на радар ќе фатите некој што вози со брзина поголема од 300 км на час , тоа не е нормално. Или кога ќе измериме на дрегер дека консумирал алкохол 3, 74. Тој човек не може да оди, а не да вози. Затоа мора да работиме на свеста. МВР и РСБСП работат, но мора сите институции да работат, ова се учи од најмали нозе, вели Тони Ангелевски од МВР.
Со оглед на фактот што најголем број на сообраќајни незгоди со жртви се случуваат во јуни и јули, кога има поголема раздвиженост на населението, републичкиот совет за безбденост во сообраќајот заедно со МВР спроведуваат кампања „Вози одморен„
-Сообраќајните незгоди каде предизвикувач е замарот се фатални. Покрај заморот битен фактор за случување на сообраќајните незгоди с еголемата брзина и возачите под дејство на алкохоле. Апелирам до сите учесници во сообраќајот да го зголемат вниманието и одгворноста, да ги почитуваат правилата и прописите за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот, вели Гордана Кожуваровска, претседател на РСБСП.
Возачите не ги почитуваат правилата и прописите и прават прекршоци и покрај секојдневните контроли на полицијата. Лани иво државата имало 125 жртви во сообраќајни незгоди, а оваа бројка статистички е најмала, сепак, од МВР велат дека со засилените контроли и акции целта е уште повеќе да се намали бројот на изгубевни човечки животи во сообраќајки