2win800x200

И воздухот мириса на политика во Битола

Јули 10, 2021

Опозицијата и власта во битолскиот Совет два часа меѓусебно се обвинуваа кој што (не) направил за почист воздух, а советникот од независната советничка група Поинаку, Иван Чулакоски, од говорница им рече: „Мурто и Курто изгледа ги имате заборваено, пак се враќаме на старата приказна“. Потоа, рече дека од октомври, веројатно мислејќи на локалните избори, нема да се зборува дали воздухот е загаден, туку како да имаме најчист воздух во земјава. На ова гo прекрати Валетнтин Груевски велејќи дека ова е предизборна кампања.

Од Поинаку критикуваа дека освен делење на субвенции за велосипеди и клима инвертери друго не е направено. „Во кој град дававте субвенции за велосипеди кога немате направено ни една велосипедска патека“, рече Габриела Илиевска од „Поинаку“.

Иванчо Тошевски од ВМРО-ДПМНЕ рече дека власта со смешна сума од 5 милиони денари за Програмата за животна средина планираше да го чисти воздухот, од кои 1,5 милиони денари уште не знае каде ќе ги потроши, на разни трансфери и субвенции.

Советникот Тони Коњановски од истата партија преземените мерки со субвенционирање ги нарече козметика.

„ Со точаците и инвертерите сеˋ е тоа лицкање, козметика, со тоа не го решаваме проблемот. Податоците за 25 проценти почист воздух не држат место, без разлика и да било така во тие месеци на дедо Боже треба да му заблагодариме зашто не презедовме ништо во тој однос. Големите капитални проекти не се спроведени топлификација, гасификација, прочисителната станица, електростатските филтри. Тие ќе не спасат, а не козметика“, рече Коњановски.

На критиките возврати Тања Крнчева, претседател на Комисијата за животна средина која со иронија рече дека дури и симпатичен ѝ е муабетот од една бивша власт која имаше теолошки пристап кон проблемот велејќи дека божји сили го загадуваат воздухот. Истакна дека парите за животна средина се зголемени од 3 на 5 милиони денари во последните две години и дека буџетот сеˋ уште е далеку од потребниот. Но, дека се почна со ситни чекори кои сите заедно претставуваат сериозен исчекор кон подобрување на квалитетот на воздухот.

„6 милиони денари за субвенционирање на печки на пелети во само 1 години во изминатите 12 од претходната власт, наспроти над 10 милиони денари од оваа власт 4 години само за субвенционирање. 2,5 милиони евра дадени за субвенционирање ја клима инвертери. Плус средства за училиштата и јавните претпријатија за енергетска ефикасност и промена на котли со современ начин на греење. Податоците се дека во јануари 2015 година сме имале ПМ10 честички 130 микрогами на метар кубен, јануари 2020 84 . Декември 2015 -та -141 , а 2020-та - 39 и нека ме убеди било кој дека ова не е резултат на конкретни, ситни но сигурни решенија“, рече Крнчева.

Советникот Борче Корлевски од СДСМ им наброија на опозицијата за кои прокети гласале против, а се однесувале на мерки за подобрување на воздухот.

„Носевте решенија за набавка на возила со еуро 1. По 12 години во Битола се донесени 80 000 возила или за 10 пати повеќе од капацвитетот на улиците. Ако го собериме цело ѓубре од Европа со еури 1 стандард очекуваме почист воздух. Не сте реагирале ни во еден момент. И гасоводот да го имаме денес, а загадувачите пак загадуваат реузлтатот ќе биде пата пат. Во 12 години ни едно училиште и ЈП не беше променето во начинот на одржување на енергетска ефикасност , гласавте против училиштата да се направат енергетски поефикасни“, рече Корлевски.

По двачасовни расправии, советниците едногласно ги донесоа измените во Програмата за животна средина.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани