АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Наградата „Борислав Траиковски“ годинава оди во рацете на ликовниот уметник Александар Поповски. Оваа година на традиционална годишна изложба на ДЛУБ беа претставени 32 автори со 42 две сликарски дела. Мотивите и техниките се разноврсни и може да видит дела и од помлади и од повозрасни искусни автори. Делата се изработени во периодот од 2020 и 2021 година и се поставени во битолската Магаза.
-Комисијата се одлучи оваа година наградата „Борислав Траиковски“ да ја добие почитуваниот Александар Поповски. Би сакала да напоменам дека изложбата оваа година е продажна. Дел од продажбата ќе се користи за ликовни курсеви, работилници и обуки на деца и возрасни, кои сакаат да го надоградат своето знаење. Изложбата имаше голема посетеност на денот на отворањето. Благодарност до сите посетители љубители на ликовната уметност. Нивниот интерес претставува чест и внимание за уметниците кои учестуваат на годинашнава изложба, како и почит и уважување на нашата работа. Благодарност за успешна соработка и афирмација на ДЛУБ до Министерство за култура, Општина Битола, СН Осигурителен брокер АД Битола, КЈП Водовод - Битола и ЈП Пазари - Битола, вели Нела Петровска претседател на ДЛУБ.