2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

Започнува „Локум фест“ со настап на Влатко Стефановски ТРИО на Хераклеја

Јули 22, 2021

Вчерва „Локум фест“ започнува со  концертот на  Влатко Стефановски трио на Хераклеја со почеток во 21 часот, за да наредниот ден (23.07) во Пацио-НУ Завод и Музеј ќе гостува дуото  Драган Даутовски со неговиот син Ратко Даутовски и промоција на албумот Apocalypticum. Третата вечер (24.07) е распослана на Широк сокак и старата битолска чаршија, насловена како „Распеана чаршија“.Започнува во срцето на старата битолска чаршија на истото место каде што овој фестивал и започна , пред „Малиот битолски Монмартр“ со „Приказни од чаршијата“ , и настап на легендарните КУД Илинден, како  и изложбата „ 40 години  Мал битолски Монмартр “ за да продолжи на неколку локации со настап на чалгиски ансамбли и дополнителни соддржини.

„Со  овој концепт имаме намера да ја раздвижиме старата битолска чаршија почнувајќи од Широк сокак - Магнолија, пешачката улица покрај реката Драгор , како и неколку локации во самата чаршија. Оваа трета вечер се подготвува детално во соработка со дуќанџите и Регионалната занаетчиска комора Битола и неформалната група „Стара битолска чаршија“. Целта е да заживее старата битолска чаршија преку анимација на  што поголем број посетители и учесници , како и партиципација на дуќанџиите. Секако дека при планирање на оваа вечер, како и предходните настани, прво што го имаме во предвид е високиот степен на почитување на правилникот за оддржување на културни манифестации во време на пандемија, нешто што успешно  го покажавме минатата година“, велат организаторите.  

Фестивалот е финансиран од Министерство за култура на Република Северна Македонија и помогнат од Општина Битола.

 
 
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани