Архивот од Битола му подари копија од пергамент од 13 век на амбасадорот од Израел

Јули 22, 2021

На израелскиот амбасадор во заминување,  Дан Ориан, Државниот архив му подари неколку книги, меѓу кои Монографија за седум деценискиот јубилеј на институцијата, како и копија од пергаментот од 13-ти век напишан на старо-еврејски јазик.

Амбасадорот на државата Израел во Република Северна Македонија, Дан Ориан, деновиве го посети одделението на Државниот архив во Битола и разговараше со раководителот Гоце Стојановски. На средбата амбасадорот беше запознат со актуелните настани поврзани со работата и функционирањето на Државниот архив, со процесите на дигитализацијата, како и со податоците во врска со богатиот архивски материјал за еврејската заедница која што живеела во Битола. На средбата стана збор и за продлабочување на соработката меѓу Архивите на двете земји и за размена на експерти од областа на историјата и архивистиката.

 
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани