АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
За настапот на КУД „Стив Наумов“ на меѓународниот Ајстедвод, музички фестивал во Ланголен, Велс, Велика Британија, пред безмалку 40 години пишувал и британскиот сервис BBC (БибиСи). Документите кои сведочат за гостувањето на овој познат хор од Битола и допишувањето со организаторите на фестивалот и медиумот беа објавени на годинешниот Локум фест од страна на Државниот архив- Одделение Битола.
„ КУД Стив Наумов два пати настапувале на фестивалот, еднаш во 1967, а вториот пат во 1982 година. Најголемиот дел од изложените документи се од гостувањето во 1982 година. Изложена е поканата од организаторите на фестивалот, но фокусот ни е на поканата од БиБиСи. Им пратиле покана во која бараат да добијат повеќе податоци за друштвото бидејќи сакаат да снимаат прилог за нив, побарале неколку нивни членови кои добро зборувале англиски да бидат интервјуирани. Голем позитивен ефект имал настапот на дрштвото, го освоиле петтото место во конкуренција 200 хорови од цел свет, што е значаен успех“, вели Марија Дурлова, советник во Архивот во Битола.
Како посетител , гостин се очекувал да биде и принцот Чарлс.
Хорот од Битола го предводел Љубо Трифуновски.