2win800x200

Тошевски: како за Глобал да се издвојат пари и за опожарените места, Груевски: пожарите уште траат, ќе помогнеме кога ќе има сметка каде да се уплатат парите

Август 05, 2021

По примерот за Глобал да се издвијат 500 000 денари за помош на настраданите подрачја од пожарите во земјава, предложи координаторот на ВМРО-ДПМНЕ Ивначо Тпшевски на денешната средница на Совет. Претседателот на Советот Валентин Груевски му рече дека дел од пожарите се уште во тек, па не постои жиро сметка каде да се упатат парите, но затоа пак Општината останува на располагање да помогне отакако огнот ќе биде изгаснат.

„По примерот на одлуката што ја донесовма не 18.02. 2021 година кога беа издвоени средства од буџетот на Општина Битола за опожарениот Глобал, предлагам да донесеме одлука денес, и да биде точка на дневен ред, одлука за одвојување на средства од буџетот на Општинма Битола за помош на настраданите подрачја од пожарите што ја зафатија Македонија и кои уште се во тек. Ќе ги причитам насловите што ги следевме сите ние од типот дека авионите ќе бидат сервисирани во октомври и не биле сервисирани цели две години, хеликоптерот на ЦУК не може да интервенира поради немање на гориво. Предлогот е да се издвојат 500 000 денари помош од општина Битола за настраданите подарачја“, рече Тошевски.

Претседателот на Советот Валентин Груевски му одговори дека пожарите уште траат и нема сметка каде да се уплатат парите.

„Се додека не се расчисти ситуацијата и не се кажи јавно, како Општина не можеме да реагираме во тој дел. Но, стоиме на располагање понатаму кога ќе се јави потреба како и секаде што сме помагале и како Совет и како Општина да помогнеме и таму , поради тоа ќе гласаме воздржано“, рече Груевски.

Пожари деновиве има во Кочани, Пехчево, Старо Нагоричане и во други делови од државата

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани