АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Седуммина вработени во Службата за терхничка сигурност при РЕК „Битола“ ги исчистија од вегетација Еврејските гробишта во Битола. Вработените кажуваат дека помош од Компанијата да се вклучи во чистењето била побарана од израелскиот амбасадор Дан Оријан, а тие акцијата ја спровеле во јули. Со чистењето ги опфатиле сите пет хетари од гробиштата. Теренот го исчистиле со тримери набавени од страна на Синдикалната организација при РЕК„Битола“. Истата оваа екипа го исчисти од трева и друга вегетација опкружувањето на манастирот „Св. Арангел“ во Битола. Вработените велат дека ова е уште еден доказ за Компанијата како општество одговорна која им помага на граѓаните и институциите.