Имајќи во предвид дека станува збор за исклучително сушна година проследена подолг период со екстремно високи и натпросечни температури за овој период од годината, ЈП Стрежево апелира до водокорисниците, водата предвидена за наводнување на земјоделски култури да ја трошат строго наменски (без непотребно трошење и нормална употреба на водата, согласно нивните потреби).
-Екипи од ЈП "Стрежево" - Битола постојано се на терен и спроведуваат акции за откривање на водокорисници, кои вршат енормна потрошувачка на водата и крајно недомаќински се однесуваат кон овој скапоцен ресурс.Вршењето на услугите не зависи само од нас како претпријатие, затоа ве повикуваме заеднички да придонесеме за рационално користење на водата, а во спротивно ќе преземеме мерки против лицата кои вршат злоупотреба на водата, велат од ЈП Стрежево
Врз основа на податоците од Управата за хидрометеоролошки работи, кои во континуитет најавуваат високи температури во наредиот период, Јавното претпријатие "Стрежево" - Битола уште еднаш апелира на рационално и внимателно користење на водата.