АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Градинката "Снегулка", клон на ЈОУДГ "Естреја Овадија Мара", е петти објект со целосно променет лик, комплетно бојадисан и темелно лакиран паркет после 23 години. Влагата и мувлата во градинките каде се згрижуваат најмладите, сега се веќе минато.
Во исто време се молерисани и градинките во Кравари, Бистрица и Долно Оризари, а на ред е градинката во Кукуречани. Во оние објекти каде имаше дотраен под, поставен е ламинат, а исто така, набавен е и нов мебел.
Во сите градинки кои се во рамките на "Естреја Овадија Мара" за неполни 4 години вложени се над 18 милиони денари, или нешто повеќе од 300 илјади евра.