2win800x200

Излагање на м-р Емилија Сарафска за енергетската ефикасност на Битола и субвенции вложени за поздрава животна средина

Септември 04, 2021

Над 18,8 милиони денари или над 314 000 евра во изминатите пет години беа вложени во Општина Битола за субвенции кои ќе придонесат за намалување на загаденоста на воздухот според излагањето на м-р Емилија Сарафска, советник за енергетика, енергетска ефикасност и обновлив и извори на енергија при Општина Битола. Податоците беа презентирани во рамки на Неделата за енергетска ефикасност во Битола. Беа користени податоци од Одделението за урбанистичко планирање и заштита на животната средина при Општина Битола. 

„Годишната програма за животна средина ги стимулира граѓаните за користење на обновливи извори на енергија за затоплување на своите домови кои минимално го загадуваат воздухот и почвата и им обезбедува поврат на дел од потрошените средства за печки на пелети, инвертер клима уреди.

  • 2017 година субвенции за печки на пелети во висина од 5.600.196,00 денари
  • 2018 година субвенции за печки на пелети во висина од 1.988.094,00 денари
  • 2019 година субвенции за печки на пелети во висина од 499.710,00 денари
  • 2019 година субвенции за инвертер клима уреди во висина од 2.500.000,00 денари – прв повик. Субвенции за инвертер клима уреди во висина од 2.500.000,00 денари – втор повик за граѓани кои не беа опфатени во приоритетната зона со Јавниот повик од Владата на РС Македонија.
  • Преку Владата на РСМ, Општина Битола доби 155.000.000,00 денари за субвенционирање на високоефикасни инвертер клима уреди.Јавниот повик за доделување на средства за набавка и монтажа на високоефикасни инвертер клима уреди започна на 18.09.2020 година, и по завршување на истиот беа доделени 2500 клима уреди се со цел замена на тврдо и фосилно гориво и намалување на изворите на загадување водејќи грижа за здравјето на граѓаните.После завршување на фаза 1 од Јавниот повик следеше доискорустување на средствата пришто беа доделени уште 183 инвертери.
  • Вкупниот број на доделени клима инвертери од Јавниот повик е 2683, односно 2683 извори на загадување со Јавниот повик на Општина Битола се затворени“, стои во презентацијата.bitola

Како новина во 2018 година за првпат отворен е јавен повик за стимулирање на граѓаните да користат превозно средство - велосипед се со цел минимално загадување на воздухот и им обезбеди поврат на дел од потрошените средства.

  • 2018 година субвенции за велосипеди во висина од 581.299,00 денари.
  • 2020 година субвенции за велосипеди во висина од 1.000.000,00 денари.
  • 2021 година субвенции за велосипеди во висина од 1.700.000,00 денари, преку спроведени два јавни повици:
  1. 16.06.2021 година Прв јавен повик во висина од 700.000 денари
  2. 14.07.2021 година Втор јавен повик во висина од 1.000.000,00 денари

Општина Битола и приватниот сектор, обезбедија 67 прочистувачи за воздух за сите детски градинки на подрачјето на општината, со што реализирана е иницијативата на родителите, а обезбедени се подобри услови за згрижување и воспитание на децата од предучилишна возраст.

Со отпочнување на Годишната програма за животна средина за 2021 година, Општина Битола има предвидено средства за субвенционирање на домаќинствата за чистење на оџаците бидејќи неисчистениот оџак е четирипати поголем загадувач, додека потврдите за извршеното чистење на оџаците ќе се доставуваат до општината и истите ќе бидат заведени во Регистар на домаќинства кои се грејат со огревно дрво и на тој начин постепено би се изготвувал Регистарот на оџаци.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани