2win800x200

Битолските либералдемократи го предлагаат Милевски за кандидат за градоначалник на Битола, Груевски носител на листа

Септември 06, 2021
 Дали Горан Милевски ќе се кандидира за градоначланик на Битола на претстојните локални избори ќе се знае наскоро, но едно е сигурно дека ОО на ЛДП Битола синоќа го предложи за кандидат. Листата на советници веќе е потврдено ќе ја предводи Валентин Груевски , актуелен претседател на Советот на Општина Битола. 
 
На вчерашната седница на општинскиот одбор на ЛДП-Битола, беа донесени следните одлуки:
1. Членовите на ЛДП акламативно го предложија претседателот Горан Милевски да биде кандидат на Движењето ОДЛУЧНО за промени, за градоначалник на Битола.
-Општинскиот одбор очекува Горан Милевски да ја прифати кандидатурата, која е барање не само на членовите, туку и на граѓани и на бројни поддржувачи на актуелната власт кои сакаат во оваа трка за градоначалник да се вклучи и тој.
2. Усвоена беше и листата на советници на Движењето ОДЛУЧНО за промени, која на овие избори ќе ја предводи Валентин Груевски, досегашен претседател на Советот на Општина Битола.
-На листата се наоѓаат истакнати членови на ЛДП и ДОМ, како и бројни јавни личности од граѓанскиот сектор, културата, спортот. Листата ќе го отсликува и мултиетничкиот карактер на Битола
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани