2win800x200

Мицкоски-ВМРО не учествува во паради кои ги прави власта

Септември 08, 2021

 

ВМРО не учествува во паради кои ги прави власта, ги разочаравме основачите на независноста на државата, рече Мицкоски на прославата по повод 30 годишнината од независна Македонија, рече лидерот на ВМРО ДПМНЕ Христија Мицкоски вечерва во Битола . 

 

Почитувани присутни, чувствувам должност да кажам зошто денес прославуваме 30 години независност токму во Битола покрај тоа што многу пати сум кажал дека Битола е мојот главен приоритет. Денеска сме тука затоа што сакаме да направиме паралелна со сето она кое што се случува во ова наше тешко реално секојдневие политичко, а истата таа паралела не сакаме да биде со онаа паралелна прослава на Владата, затоа што ВМРО не учествува во паради кои ги прави власта, и кога на власта и е поедноставно, поудобно, да ги гази дебелите килими во Собранието, да парадира низ Скопје, на ВМРО-ДПМНЕ му е чест и поудобно да биде овде во Битола заедно со народот, рече Мицковски.

Дилемата е дали го оправдуваме заветот на татковците на оваа нација, кои деведесеттите се потпираа на асномците, а асномците на илинденците и се така наназад во нашата богата историја.
          Не сме дрво без корен, и работата е што корењата се премногу длабоки, а сеќавањата не напуштаат лесно. И не дека и во минатото не се правеле грешки во историјата, но секогаш имало мудрост да се прескокнуваат препреките. Нашето дрво беше засадено со крвта и страдањата на многу генерации кои веруваа во слободата, но овие 30 години истото сериозно е навалено и натежнато.Затоа можам со горко чувство и со тага во мене да соопштам дека овие 30 години ги разочаравме основачите на независноста на државата. Не го исполнуваме како држава во целост нивниот завет. А зад ова што го говорам е чувството дека по малку, чекор по чекор се губи државата. А работите се вртат во еден ист круг, рече Мицкоски.

Нема достапен опис

Нема достапен опис

 

Нема достапен опис

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани