Webp.net gifmaker

На денешен ден формиран е БИТОЛСКИОТ НАРОДНООСЛОБОДИТЕЛЕН ПАРТИЗАНСКИ ОДРЕД "ЈАНЕ САНДАНСКИ".

Септември 08, 2021

На денешен ден ,8 септември 1942, 

Кај село Лавци, Битолско, е формиран БИТОЛСКИОТ НАРОДНООСЛОБОДИТЕЛЕН ПАРТИЗАНСКИ ОДРЕД "ЈАНЕ САНДАНСКИ". Беше именуван и како Народноослободителна партизанска чета. Изврши напад на бугарскиот екипаж кај железничката станица меѓу селата Српци-Беранци на 10 ноември 1942 година. Поделен по групи одржуваше политички митинзи по битолските и леринските села во зимата 1942/43 година, а потоа во март 1943 година беше припоен во составот на Битолско-преспанскиот партизански одред „Даме Груев“, со кој се префрли на костурско-леринското подрачје.

 

 

подготвил: д-р Александар Литовски, историчар

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани