Спектакуларен концерт на „Битола отворен град“

Септември 15, 2021

Не е завршено летото, ако не се случи „Битола отворен град“. Одложен, заради немилиот настан во Тетово, а реализиран низ еден долг концерт, како што впрочем заслужува јубилејното 20 издание на фестивалот кој обединува, креира и инспирира активно младинско учество и преку музика и уметност поместува граници. Пред публика која броеше 600 пополнети места, во амфитеатарот на Хераклеја и во обем соодветен на протоколите за организирање на вакви настани. Младинскиот културен центар од Битола, кој е основач на овој фестивал, со повеќе придружни настани кои се случија, а и ќе следат останува на мисијата да создава проекти кои стануваат своевидна културолошка појава, а и се промотори на напредни идеи за позитивни општествени вредности и третирање на важни теми. Оттука и бројни дебати, изложби, перформанси се случувале низ сите изминати години на овој фестивал.242038596 418859883000148 8561683573997819523 n

„Битола отворен град“ е познат низ децениите и по своите големи концерти, па така на Хераклеја, овој викенд музички празник направија гостите Stereo Banana, Love Itoya и нашиот Кирил Џајковски. Стартот го означи дуото со силна концертна репутација Stereo Banana. Хип-хоп, брејк-бит, малку реге и фанк беа одличен вовед за она што следуваше. А тоа беше нигеријската музичка ѕвезда Love Itoya, која со својот моќен сценски настап и енергија, заедно со нејзиниот пратечки бенд и вокали ја подигна атмосферата и потврди дека музиката и активизмот за женски права, по кој таа е позната, можат да функционираат преку текстовите и пораките низ музиката во нејзините настапи. Финалето на концертот го означи најпродуктивниот македонски композитор на филмска и театарска музика и електронски артист, Кирил Џајковски. Музичар кој со многу чувство го испреплетува новиот звук и традиционалната музика. Добро познат на битолската публика, но секогаш поинаков, Џајковски повторно потврди дека традиционалната музика секогаш е голема инспирација. А тој, тој експеримент го прави со најголема почит. Очекувајте и нови настани, зошто 20 издание на Битола Отворен Град сѐ уште не е завршено.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани