Милевски ја објави советничката листа вели нуди искуство и чесно работење

Септември 15, 2021
Кандидатот за градоначалник на ЛДП и ДОМ ја објави листата за советници за претстојните локални избори во Битола.
Милевски пишува дека кандидатската листа за советници на "Движењето Одлучно за промени" за Општина Битола, нуди искуство, стручност, квалитет, чесно работење.
-Овие луѓе ќе бидат ЧУВАРИ на интересите на Битола.
Составена е од граѓански активисти, спортисти, доктори, архитекти, економисти, социјални и туристички работници.
Со луѓе кои се докажале во областа на образованието, детската заштита, социјалната правда.
Ова се луѓе кои си го сакаат својот град!
Чест ми е да бидам дел од овој тим кој ќе ја води Битола во следниот мандат, напиша Милевски. 
 
Од ЛДП за Апла.мк соопштија и подателно со што се занимаваат или што се по професија кандидатите за советнци на листата.  
Валентин Груевски, досегашен претседател на Советот на Општина Битола, Анастасија Трајковска-Ани, архитект во приватен сектор, Димитар Кузмановски дипломиран економист и секретар на Општинската организација, Александар Стојановски, професор во средното економско училиште, Анита Кузевска потпретседател на ЛДП Битола, Горан Пинза граѓански активист, Филип Ивановски голман на Еурофарм Пелистер, Ана Талевска доктор по медицина, Марјанчо Георгиевски познат битолски лик од ТВ екраните и Митревкса Ирена туристички работник сопственик на Ариес Травел. Актуелните директори на неколку институции се на последните места на листата
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани