2win800x200

Оддадена почит на гробот на Милтон Манаки во рамките на фестивалот „Браќа Манаки“

Септември 17, 2021
Градоначалничката на Општина Битола Наташа Петровска, директорот на ИФФК „Браќа Манаки“ Симеон Дамчевски, претставници на Комуната на Власите – Арманите и на Фестивалот на аматерски документарен филм „Камера 300“, денес положија свежо цвеќе на гробот на Милтон Манаки, на Влашките гробишта во Битола.
На овој начин, традиционално, секоја година за време на фестивалот „Браќа Манаки“, им се оддава почит на првите сниматели на Балканот, браќата Милтон и Јанаки Манаки. Присутните беа запознати со биографијата на браќата Манаки, нивниот филмски опус и историското значење на нивните филмски записи.
Градот Битола, благодарејќи на браќата Манаки, денес го има интернационалниот фестивал наменет за кинематограферите, по што е препознатлив во светот на филмската уметност.
Можно е да е слика од 2 луѓе, надвор и споменик
Можно е да е слика од 3 луѓе, луѓе што стојат, надвор и дрво
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани