АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Средното општинско техничко училиште „Ѓорѓи Наумов“ – Битола ги известува граѓаните дека заради узурпирање на паркинг просторот во кругот на училиштето, секој ден после 19.30 часот рампата за влез на возила ќе биде спуштена и пристапот кон паркингот ќе биде затворен. Се молат граѓаните да не ги оставаат своите возила во кругот на училиштето за да не се случуваат немили ситуации и нечие возило да остане заробено подолг период. За време на викендот, паркинг просторот ќе биде затворен од петок во 19.30 часот до понеделник во 6.30 часот. Благодариме на разбирањето!