2win800x200

Новаци го празнува Раѓањето на Пресвета Богородица

Септември 21, 2021
Во бисерот на Пелагонија, манастирот "Рождество на Пресвета Богородица" во Новаци денеска се одбележува големиот празник раѓање на Пресвета Богородица- Мала Богородица.
Синоќа со вечерна богослужба со која чиноначалствуваше митрополитот Преспанско-пелагониски г.Петар започна празнувањето на големиот празник.
 
Манастирот "Рождество на Пресвета Богородица" во Новаци веќе децении наназад ја негува традицијата на одбележување на овој голем ден и празник не само за граѓаните од Новаци, туку и пошироко во регионот.
По повод празникот, градоначалникот Љубе Кузманоски упати честитка до сите верници со желба за добро здравје, среќа, благосостојба и негување на позитивните вредности.
"Огромна е културната улога на овој храм за развој на нашата општина .Повеќе децении во храмот Рождество на Пресвета Богородица токму во Новаци, многумина го наоѓаат својот духовен мир . Овој храм претставува скапоцен бисер и културен белег на нашиот народ.Традицијата на славење на овој голем празник и сите негови белези, нека и годинава бидат во духот на подадената рака, разбирањето и љубовта меѓу луѓето.Сите заедно, сплотени, со верба во Господ и чиста мисла да го прославиме овој голем христијански празник .Нека ни е за многу години Мала Богородица “-истакна градоначалникот Кузманоски
Можно е да е слика од 4 луѓе, луѓе што стојат и надвор
Можно е да е слика од 1 лице и надвор
Можно е да е слика од 5 луѓе, луѓе што стојат и внатре
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани