АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Од СВР-Битола посочуваат да се почитуваат мерките на безбедно ловење во шумски и други предели предвидени за лов и совесно и одговорно користење на ловечкото оружје.
-Кога се оди на лов, или се преминува на друго место, како и престојување во затворена просторија, движење со возило и слично, оружјето да биде испразнето и прекршено. Ловечкото оружје да се полни на даден знак на водачот на групата, односно со негова дозвола да започнува и завршува ловењето. Оружјето никогаш не смее да биде свртено кон другиот учесник во ловот и да не се пука во дивеч кој се движи во правец на другиот учесник во ловот, бидејќи преставува непосредна опасност по неговиот живот. Ловецот којучествува во ловот, должен е да остане во групата и не смее да го напушта ловот без дозвола на водачот на групата, потсетуваат од СВР-Битола.