2win800x200

Ја отсонувавме нашата приказна до розов хепиенд, рече Мони на завторањето на „Браќа Манаки“

Септември 22, 2021

„И покрај сите препреки и предизвици успеавме да ја продолжиме магијата и да ја отсонуваме нашата приказна до розов хепиенд. Со доаѓањето во вашето и наше пристаниште Битола, како да запреа сите бури што жестоко му се закануваа на фестивалскиот брод. Поминавме шест беспрекорни денови во Битола и за сето тоа време не се случи никаков технички проблем или прекин“, рече директорот на ИФФК „Браќа Манаки“, Мони Дамевски.

На шега во тој момент во салата се исклучи струјата и микрофоните не работеа, а Дамевски без озвучување кажа „не ни запре проекторот, не се исклучи струјата, микрофините и звучниците“, алудирајќи на техничките проблеми при отворањето.

„Се̍  беше како што човек може да поска, некои од нашиот тим ни тврдеа дека Кан, Берлин и Венеција можат да ни позавидат“, на што публиката го награди со  громогласна смеа и голем аплауз.

Годишен победник на 42-то издание на „Браќа Манаки“, а со тоа и двокаратен лауреат во историјата на Фестивалот е кинематограферот од Финска Јани-Петери Паси кој во конкуренција од 10 филмови во официјалната програма ја доби „Златната камера 300“ за филмот „Купе број 6“. Претседателот на жирито, Суки Меденчевиќ рече дека наградата му се доделува за деликатниот и осетлив начин на која камерата ја понесува публиката на лудото патување на хероината од Москва до смрзнатиот север.dvokratniot laureat

„Еден куриозуитет во историјата, фестивалот ‘Браќа Манаки’ досега имаше само еден човек кој претходно ја добил во два наврати наградата ‘Златна камера 300’, бразилскиот кинематографер Ватер Карваљо во 1998 и 2002 година, а сега и Паси овенчан со оваа награда во 2016 и 2021“, рече директорот Дамевски.

Двократниот лауреат Паси, како и останатите добитници на наградите, не допатуваа во Битола на свечената церемонија, туку се обрати преку видео порака. „Толку многу бев возбуден што се разбудив среде ноќ и останав буден. Голема чест е да се биде награден на фестивал посветен на кинематограферите, се надевам ќе се видиме следната година“, рече Паси.

„Сребрената камера 300“ му беше доделена на данскиот кинематографер Каспер Туксен за деликатната камера  во филмот „Најлошата личност на светот“ со која  не̍ приближува до ликовите кои се добро позиционирани во урбаниот пејсаз на Осло. Филип Бергсон, член на жирито, прогласувајќи го наградениот кинематографер рече дека „Браќа Манаки“ годинава направи чудо со тоа што го одржаа фестивалот и покрај „чумата од Кина“. Му се допадна и новата сала во Кино „Манаки“, па реќе дека мотото би требало да биде ‘Вратете се во кино“.  

„Бронзената камера 300“ ја доби белгискиот кинематографер Рубен Импенс за бруталниот контраст меѓу вознемирувачката дистописка приказна и нејзиниот високо естетизиран визуелен стил во филмот „Титаниум“. Овој филм кој се смета за контраверзен со експлицитни цени од убиства, беше  прикажан на затворањето, а брутачните сцени на убиства не можеа да ги издржат сите присутни гледачи во слата, па некои и заминаа на сред проекција, но нивната бројка не беше голема.

Добитник на наградата „Мала камера 300“ за краток филм е Жоана Силва за „Низ малгалат„, а членката на жирито Соња Просенц рече дека чест ѝ е што ја доделува на млада кинематограферка затоа што на на жените кои се занимаваат со оваа професија повеќе шанси им се дава во краткометражни филмови, додека потешките задачи се резервирани често за мажите.

Затворањето на фестивалот помина без многу помпа. На црвениот тепих имаше повеќемина битолчани отколку на отворањето. Се спуштија завестите без присуство на политичари, освен што присуствуваше дамата домаќин градоначалничката Наташа Петровска, а Општината беше и еден од финансиските помагачи на фестивалот.   

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани