АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Митрополитот Преспаснко - пелагониски г. Петар денеска се појави во манастритот „Св. Архагел Михаил“ во прилепски Варош каде одржа боголсужба и рече дека во средата кога беше задржан на скопскиот аеродром не патувал за Австралија, туку во друга држава.
-Не, јас не патував за Австралија, патував за друго место, но бев спречен да го искористам своето право да летам со авион, но со следниот авион летав, изјави Владиката Петар.
Тој и денеска не сакаше да зборува за настанот и повтрно ги упати новинарите на неговиот адвокат, но уште еднаш повтори дека бил упасне на аеродромот по грешка.
-Бидејќи бев приведен, лишен од слобода и испрашуван, им кажав дека имам свој адвокат и дека без него нема да кажам ниту еден збор. Тој си ја презеде својата улога и им докажа на тие што ме уапсија дека направиле грешка во постапката, дека не смееле тоа да го направат и тие се извинија, рече Владиката Петар.
Во средата од Финансиската полиција информираа дека задржувањето на митрополитот било поврзано со предмет кој е во предистражна постапка поради што не соопштија повеќе детали, а адвокатот на Владиката Петар, Љубомир Михајловскиа, пак изјави дека нема сознанија дали против митрополитот се води истрга.