2win800x200

Меѓународен месец на училишните библиотеки

Октомври 15, 2021

Националната установа Универзитетска библиотека „Св.Климент Охридски“ – Битола и основните училишта „Даме Груев“, „Елпида Караманди“ - Битола заеднички ќе го одбележат Меѓународниот месец на училишните библиотеки.

Денес во ерата на информатичкиот напредок, прашањето за запознавање на помладата генерација со читање е многу поостро од кога и да било. Затоа, ваквиот празник како Денот на библиотеките сè повеќе се објавува, а месецот октомври генерално е прогласен за Светски месец на училишни библиотеки.

Официјалното одржување на Денот на библиотеките започна во 1999 година на иницијатива на УНЕСКО. Овој статус првпат го објави претседателот на Меѓународната асоцијација на училишни библиотеки, Питер Јенко, во 2005 година. И веќе од Денот на библиотеките во 2008 година координаторот на проектот објави дека еднодневниот празник се претвора во меѓународен месец, односно од тој момент во октомври е месецот на училишните библиотеки.

Националната установа Универзитетска библиотека „Св.Климент Охридски“ – Битола Битола и основните училишта „Даме Груев“, „Елпида Караманди“ - Битола започнуваат со раскажување на стари приказни - активност во кои ќе бидат вклучени бабите, дедовците, прабабите и прадедовците на учениците.

Волшепството на читањето е длабоко поврзано со привлечната сила на приказните. Нашите баби и прабаби имаа голема дарба за раскажување приказни. Секој од нас памети дека најубавите приказни сме ги слушнале во најраното детство токму од нашите бабите, дедовците, прабабите и прадедовците.

Усната раскажувачка традиција е многу важен темел во поттикнувањето на љубовта за читањето кај децата. Усното раскажување приказни на децата уште во најраната возраст, помага во обликувањето на нивната сопствена творечка фантазија.

Ги повикуваме сите училишта во Битола да се вклучат во одбележувањето на Меѓународниот месец на училишните библиотеки и сите заедно со училишните библиотеки да одбереме еден ден во октомври за да ја прославиме важноста на училишните библиотеки со реализирање на различни активности.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани