АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Секоја генерација е се послаба од претходната, средината се менува, а ние не ги менуваме методите на воспитание и образование, предупреди Д-р. Ранко Рајовиќ, експерт за ран развој на детска интелигенција и автор на НТЦ (Никола Тесла Центар) програмата на семинатот што вчера се одржа во Универзитетската библиотеката „Св. Климент Охридски“ во Битола. Рајовиќ воедно е професор на Педагошкиот факултет во Копер, Словенија, по предметот неуронаука во воспитанието и образованието, која ја доближува медицината до педагодијата.
„Имаме ситуации во кои секоја нова генерација запишана во прво одделение е послаба од претходната. Учителите тоа го зборуваат веќе 10 до 15 години. Забележуваме дека моторички се послаби, со внимание и концентрација исто така. Во Крањ, Словенија, заедно со студентите правевме истражување кое покажа дека 60 проценти од децата до 4 години не знаат да сокнат наназад. Ако не можат да го направат тоа можно е да имаат намалување на когнитивните способности. И општите познавања им се послаби, речникот исто така“, рече Рајовиќ.
Тој ја посочи за пример Хрватска каде 4000 деца не се примени во прво одделение зашто не се способни за училиште. Во Црна Гора пред две години од 102 кандидати за упис на Медицинскиот факултет, 99 не го положиле примениуот испит. Тоа биле најдобрите ученици во Црна Гора, ги имале сите петки. Полагале хемија и биологија, дисциплини за кои некои од нив биле дури и на државни натпревари. По вакваите поразителни резултати, министерот за образование рекол дека тежок бил испитот, а професорите дека тест е ист со години. Во Белград, Србија, професор по математика на Економски факултет му рекол дека секоја година студентите се се̍ послаби по математика. Пред 10 години вовел тест за студентите кога ќе дојдат на факултет, не за оцена, туку да види колку знаат за да им помогне. Заклучил дека генерација годинава е за 30 проценти послава од онаа пред десет години.
„Имаме се повеќе деца кои не можат да ја следат наставата. Кога ќе тргнат во школо не можат да седат, да пишуваат, да читаат, да сметаат, немаат концентрација. Како тие да учат? Мозокот до 6 година го завршил најважниот период на развојот. Проблемот настанал пред училиштето, морало да интервенираат родителите и во градинките. Мора да се менува воспитниот систем. Имаме исти теории како пред сто години“, рече Рајовиќ.
Тој до присутните на семинарот апелираше за овој проблем да се зборува што погласно.
„Целта на образовниот систем е да ги научиме децата да мислат, нема ништо од учење напамет. Ние и понатаму учиме напамет. Од десет најбарани занимања денес, 9 не ни постоеле пред 10 години. Тоа значи дека ги подготвуваме за професии кои не постојат. Треба да се учат да мислат пред училиште. Не сум за рано учење, туку за рана стимулација, активација на мисловните процеси, на сетила, престој во природа, играње. Целта е функционално знаење“, рече професорот.
Ж.Здравковска