Судот во Стразбур одлучи, Вранишковски може да ја регистрира ПОА !

Април 24, 2018

Европскиот суд за човекови права во Стразбур ја одби жалбата на Владата на Република Македонија и на тој начин потврди дека е правосилна претходно донесената пресуда за регистрација на Православната охридска архиепископија (ПОА), на Јован Вранишковски. Во  ноември минатата година, судот во Стразбур донесе пресуда дека Владата на Република Македонија, со тоа што не ја регистрирала канонската Охридска Архиепископија, ги прекршила Членот 11 и Членот 9, односно ги прекршила слободата на здружување и слободата на мислата, совеста и религијата, кои била обврзана да ги почитува согласно на меѓународната Конвенција за човекови права, која ја има потпишано.

Во февруари годинава, пак, Владата одлучи да се жали пред Големиот Совет на споменатиот суд, во однос на донесената пресуда, но, судот одлучи да ја отфрли жалбата.

„Ја известуваме јавноста дека Големиот Совет на Европскиот суд за човекови права во Стразбур, во Април 2018 година ја одби жалбата на Владата на Република Македонија, со што претходно донесената пресуда за регистрација на Православната Охридска Архиепископија стана правосилна“, наведено е во соопштението на ПОА.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани