АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Започна реконструкцијата на ул. „Солунска“, на потегот од раскрсницата со ул. „Климент Охридски“, до спојот со ул. „Тошо Даскало“. Реконструкцијата опфаќа промена на водоводната мрежа, промена на мешовитата канализација и нов коловоз. Вредноста на оваа инвестиција е 20.632.300 денари.
Реконструкцијата на улицата ќе се одвива во фази. Првата фаза ќе се реализира на потегот од раскрсницата со ул. „Климент Охридски“ до завршувањето на островчето, кое ја дели улицата во две едносмерни насоки.