АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Горан Козаров, директор на Јавното претпријатие „Водовод“ од Битола, кадар на СДСМ, си поднесе оставка од директорското место. Ваквиот чекор го направи откако градоначалничкото место во Битола го освои кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, а познато е дека директорките на јавните претпријатија со години наназад ги поставува партијата која ја има локалната власт. Козаров вели дека човечки е директорите да се одважат и да си дадат оставка, наместо да бидат разрешувани.
„Од морални и достоинствени причини си дадов оставка. Мислам дека со промената на власта тоа е редно, јас служам на една политичка партија, па сега доаѓа друга, мислам дека е човечки да се одважиме и да си дадеме оставки да им се остави простор на новиот директор што ќе дојде да го преземи местото веднаш, а не да се молиме и разешуваме“, рече Козаров.
Тој функцијата директор на ЈП „Водовод’’ успешно ја обавуваше скоро четири години, но како што вели сите мандати му биле продолжувани како в.д директор.
Козраов е долгогодишен член на СДСМ, еден од најборбените советници додека партијата беше во опозиција. Беше и кандидат за пратеник од редовите на СДСМ, а имаше поднесено и кандидатура за градоначалник на Битола до партијата, но изборот не падна на него.
Во Битола има шест јавни претпријатија кои во овој мандат ги водеа кадри на СДСМ, а две од нив имаа директори од ЛДП.