АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
По повод „4 Ноември“, денот на ослободувањето на Битола, „Карпатија“-Битола, агенција за обезбедување имоти и лица на својот вработен, Николче Чкламовски кој по стоти пат со велосипед се искачи до врвот Пелистер му додели ваучер во износ од 12.000 денари од ЛУКАС ММ СПОРТ БИТОЛА.
-Голема благорадност до „Карпатија“, која уште еднаш се покажа како успешна компанија која води грижа за своите вработени. Во Карпатија сум вработен веќе четиринаесет години и чувството е убаво кога работите со тим кој на предизвиците им пристапува со ист ентузијазам како и вие -изјави Николче Чкламовски.
Првото искачување со велосипед Николче го направил во 2016 гододина.
-Најчесто тргнувам од дома или од Инфо центарот. Секое искачување е предизвик само по себе. Ги имам искачено скоро сите врвови на Баба Планина иако многу од нив се тешко достапни за велосипед. Во зимскиот период кога условите на планина не дозволуваат да се искачам со велосипед тоа го правам како планинар, речиси секој викенд со моите пријатели. „Карпатија“ како компанија која се грижи за успехот на своето работење, се грижи за развојот и задоволството на своите вработени и се гордее со секој постигнат нивен успех на секое поле, вели Николче во изјава за Апла.мк.
Од „Карпатија“ велат дека подвигот на Николче е вреден за восхит.