2win800x200

ЕСМ ги оценува понудите за набавка на јаглен за РЕК Битола, фирмата ќе се знае следната недела

Ноември 05, 2021
 
АД ЕСМ ги спроведува процедурите од јавната набавка на јаглен за РЕК Битола.
Сите пристигнати понуди се испратени на техничка евалуација која опфаќа
проверка на доставената техничка документација, проверка на сертификатите за квалитет и лабораториска анализа на доставените пробни количини јаглен, се наведува во соопштението на Државни електеани по големиот интерес на медиумите кој го добил тендерот за набавка на јаглен
-По завршување на оваа фаза, следува економско-финансиска евалуација на
понудите, по што ќе биде донесена одлука за избор на економски оператор/и. Се
очекува одлуката да биде реализирана до крајот на следната недела. Уште еднаш потенцираме дека понудите ги задоволуваат бараните количини од
900 илјади тони јаглен за третиот блок на РЕК Битола, со континуирана месечна и
дневна испорака која е обврска на економскиот оператор, а со динамика одредена од страна на АД ЕСМ, се вели цо соооштението од ЕСМ
 
Поради различното толкување во дел од медиумите, АД ЕСМ повторува дека
редовното производството на електрична енергија за снабдување на домаќинствата се врши со сопствен ископ на јаглен од рудниците на РЕК Битола и со производство од другите производни капацитети: РЕК Осломеј, гасната електрана Енергетика, хидроелектраните Црн Дрим, Маврово, Треска и Тиквеш и од ветерниот парк Богданци.
 
Јагленот од 900 илјади тони кој е предмет на оваа набавка е наменет само за
дополнително производство, за потребите на фирмите и државните институции, со
цел за нив да се обезбеди електрична енергија по цена пониска од моменталните
цени на берзите, од каде овие субјекти се снабдуваат.
 
-Набавката на јаглен за дополнително производство се спроведува преку отворена и транспарентна постапка, и за информирање на граѓаните благовремено ќе известуваме за текот на истата, наведуваат од АД ЕСМ.
 
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани