2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

За мостот ќе се прави проектна документација, а во градот ќе биде воведен времен режим на сообраќај

Ноември 18, 2021

После повеќе од еден век од изградбата на Мостот кај Безистенот, се појави сериозен проблем со носачите на мостот. Опасноста е особено голема за безбедноста на сите учесници во сообраќајот. Новата локална самоуправа, уште првиот работен ден пристапи кон решавање на проблемот, а превентивно ќе се провери состојбата и на сите мостови на реката Драгор. Последниот податок за безбедноста на мостовите е стар повеќе од 40 години.

„На само една недела од преземањето на градоначалничката функција, соочени сме со проблем кој е резултат на долгогодишна негрижа. Во овој случај, последица на таквата ситуација е мостот кај Безистенот, каде при интервенција во рамките на тековнoто одржување на улиците од страна на КЈП Нискоградба, констатиранo е сериозно оштетување на омега носачите, кои се наоѓаат под коловозната конструкција, поради што санацијата веднаш е запрена.  Извршено е демонтирање на носачите и побарана е асистенција од СВР Битола за регулирање на сообраќајот. Во завршна фаза е и изготвувањето на проектот за времен режим на сообраќај, со цел растоварување на сообраќајот во централното градско јадро.

За жал, се соочивме со воопшто нетретирано прашање во однос на состојбата со мостовите, а поради тоа и неподготвена проектна документација, што претставува дополнителна отежнувачка околност.

Со оглед на тоа што, градежните активности потребно е да се изведат во Старото градско јадро, кое е заштитено подрачје, а пред нас е зимски период, како локална самоуправа ги презедовме потребните координативни мерки со вклучување на сите стручни служби за навремено постапување, имајќи ја предвид безбедноста на движењето на граѓаните, како и законската регулатива.

Денес, од страна на Градежниот факултет, веќе се вршат потребните испитувања, кои се од особена важност за изготвување на проектната документација, а во постапката, согласно закон, ќе бидат вклучени и НУ Завод и Музеј и Управата за заштита на културното наследство, до целосно комплетирање на докоментацијата и обезбедување на одобрение од Министерството за транспорт и врски.

Имајќи ги предвид наведените околности, ги замолувам граѓаните за трпение и разбирање до целосно завршување на инфраструктурните зафати, за што сме максимално ангажирани.

За да не се повтори ваквата ситуација и на други места на коритото на реката Драгор, преземени се конкретни мерки со кои во програмата за 2022 година, предвидена е ревизија на мостовите, која не е направена 40 години. Со ревизијата, ќе се изврши потребната евалуација на мостовите од кои некои, како во конкретниот случај, се постари од еден век. На тој начин, зависно од состојбата во која се наоѓаат, ќе се изработат и реализираат проекти за реконструкција, со цел да не се повтори во иднина опасност од вакви размери“, изјави градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани