2win800x200

Комисијата за Финансии и буџет доверена на Габриела Илиевска, Пеце Милевски ќе раководи со урбанизам и заштита на животната средина

Ноември 19, 2021
Советот на Општина Битола денеска ги изгласа комисии со кои ќе раководи, назначи и претседатели и членови на овие тела.
Претседателката на Советот на Општина Битола Габриела Илиевска покрај што ќе раковди со Советот на Општина Битола ќе управува и со три тела во Советот. Комисијата за финансии и буџет и Комисија за еднакви можности меѓу жените и мажите, како и со Управен одбор за Наградата „4-ти Ноември“. 
Пеце Милевски од ВМРО ДПМНЕ ќе раководи со Комисија за урбанизам и заштита на животната средина како и Комисијата за локален економски развој. Со по две комисии ќе претседава и Марица Тодоровска од ВМРО ДПМНЕ-Комисија за јавни дејности и Комисија за вршење надзор на материјално-финансиското работење. Најголем дел од комисиите имаат претседатели од владечката ВМРО ДПМНЕ, додека опозицијата ќе претседава со три комисии. 
 
 
  1. Комисија за финансии и буџет – претседател Габриела Илиевска                 
  2. Комисија за јавни и комунални дејности - претседател Бојан Бојкоски
  3. Комисија за урбанизам и заштита на животната средина – претседател Пеце Милевски
  4. Комисија за јавни дејности – претседател Марица Тодоровска
  5. Комисија за месна самоуправа – претседател Марко Јосифовски   
  6. Комисија за заштита на човековата средина – претседател Анета Георгиевска
  7. Комисија за доделување на општински признанија и награди – Ненси Лозанче
  8. Комисија за статут и прописи – претседател Ѓорѓи Ѓорѓиевски   
  9. Комисија за еднакви можности меѓу жените и мажите – претседател Габриела Илиевска
  10. Комисија за вршење надзор на материјално-финансиското работење – претседател Марица Тодоровска         
  11. Комисија за евроинтеграции и меѓународна соработка – претседател Борче Корлевски
  12. Комисија за млади, спорт и рекреација – претседател Зоран Петковски
  13. Комисија за локален економски развој – претседател Пеце Милевски
  14. Комисија за безбедност – претседател Јасмина Буневска - Талевска  
  15. Комисија за правата на децата – претседател Елена Кромидаровска
  16. Комисија за подигање на спомен обележја – претседател Сашо Никовски
  17. Управен одбор за Наградата „4-ти Ноември“ на Советот на Општина Битола - претседател Габриела Илиевска
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани