50 ученици и професори учествуваа на предавањето „Пристапување во ЕУ“ на 25 роденден на Здружението за македонско-германско пријателство до Битола

Ноември 19, 2021

Здружението за македонско – германско пријателство и соработка од Битола по повод 25 годишнината од постоењето организираше онлајн предавање на тема: „BEITRITT der EU / Пристапување во ЕУ“.

Претседателката д-р Валентина Илиева ги поздрави присутните ученици и професори. Предавањето беше во изведба на ученици од Гимназијата „Јосип Броз Тито“ под менторство на проф. Марија Стојановска и Економското училиште „Јане Сандански“ Битола под менторство на д-р Николче Шулевски во кое гостите имаа можност да се запознаат со ЕУ, преку темите:

- Историја на ЕУ                                                                                                            

- ЕУ денес

- Јазици во ЕУ

- Институции во ЕУ

- Економија во ЕУ258604402 4885810478105284 6262723731271941199 n

Се водеше и дискусија на тема: Пристапување на Р. Северна Македонија во ЕУ со нејзините позитивни и негативни страни на германски и на македонски јазик. Проектот е поддржан од Гете Институт.

Презентациите и дискусијата беа изведени јавно, на онлајн платформата ЗООМ. Присутни беа околу 50 заинтересирани ученици и професори.

На крај претседателката се заблагодари за прекрасно подготвените и презентирани информации за Европската унија притоа осврнувајќи се на темелниот пристап на учениците и нивните ментори д-р Николче Шулевски проф. по германски јазик во СЕУ „Јане Сандански“ и проф. Марија Стојановска проф. по германски јазик во Гимназијата „Јосип Броз Тито“. Посебно интересни факти беа изнесени во дискусијата со предностите и недостатоците за членството во ЕУ и да се слушне размислувањето на младите на оваа тема.

За учеството во проектот „Пристапување во ЕУ“ учениците добија потврда за учество и мали подароци од Здружението за македонско-германско пријателство и соработка од Битола.257873900 4885810738105258 4994108368686368051 n

258763008 4885811034771895 7348555779257407467 n

258722997 4885810481438617 4856695050557939533 n

258773328 4885810458105286 1043899753780643564 n

258781810 4885810521438613 4046297265941401377 n

258788766 4885810961438569 733216897193941509 n

258809630 4885810551438610 1121967133132049782 n

258852943 4885810974771901 60409007402801177 n

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани