Битолска служба за трансфузија упати итен апел до граѓаните кои прележале Ковид 19 за донирање на конвалесцентна плазма.
-ИТМ на СРМ - РЦТМ Битола ги повикува сите здрави битолчани кои прележале Ковид 19 и се чувстуваат здравствено добро и не примаат хронична терапија, да ја изразат својата хуманост дарувајќи конвалесцентна плазма во просториите на РЦТМ - Битола (Трансфузија).
Секој работен ден од 08:00 до 13:00 часот.
Со тоа им помагаат на своите сограѓани кои се хоспитализирани и се лекуваат од Ковид 19.
Заедно да ја покажеме хуманоста на дело!, стои во апелот.