2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

Во ООУ "Славко Лумбарковски" – Новаци се одбележа Меѓународниот ден на правата на детето

Ноември 23, 2021

 

На 22. 11. 2021 година во склоп на отворените денови на граѓаското образование учениците од ООу Славко Лумбарковски, преку онлајн настан го одбележаа Меѓународниот ден на правата надетето.
Меѓународниот ден на детските права е датум кој се однесува на донесувањето на Меѓународната декларација за правата на детето која што беше изгласана од државите-членки на ООН на 20 ноември 1959 година. На почетокот таа беше необврзувачки документ за 30 години подоцна да биде донесена Конвенцијата за правата на детето во 1989 година и подоцна донесувањето на трите Опционални протоколи со кои државите се обврзуваат да ја унапредат и зацврстат националната правна рамка во насока на обезбедување подобри услови и заштита на децата на одредена територија.По повод овие настани, учениците од ООУ "Славко Лумбарковски" произнесоа иницијатива да го одбележат овој празник на децата, со цел подобрување на положбата на децата кај нас.
 
3
 
На настанат со свои излагања настапија: Кристијан Илиевски, Давид Марковски, Никола Јанковски со презентација на тема „Историскиот развој на правата на децата“, Софија Николовска ученички правобнаител ученик во IX одделение со тема „Правата на детето“и председателот на ученичкиот парламент Теодора Талевска настапи со излагање на тема „Ученичкиот парламент во функција на остварување на правата на детето“. Презентациите беа изработени под менторство на наставникот по граѓанско образование Васко Гичевски
 
 
На онлајн настанот беа и презентирани ликовните творби на учениците од 1 до 9 одделение, кои беа тематски насочени кон детските правата. Стручните соработници Марина Јовановска-психолог и Тамара Станчевска – дефектолог, ги собираа ликовните творби на учениците, додека Анета Соклевска- одделенски наставник, имаше свое обраќање за ликовните творби на децата. 
 
2
 
 
 
„За особена почит е што учениците, иднината на нашата татковина, одбраа да ги изразат своите ставови преку ликовното изразување, што е особен поттик за развој на уметничките но и граѓанските компетенции уште од најмала возраст.“ – изјави Анета Соклевска.  
 
На средбата присуствуваше и градоначалникот на општина Новаци, м-р Стевче Стевановски кој истакна:
 
„Децата се никулец на општеството, локалното самоуправа стои зад сите проекти и чекори, кои ќе допринесат кон унапредување на правата на децата и детскиот развој“
 
1
 
Координарот на целокупниот проект „Отворени денови на граѓанското образование“,   м-р  Илче Соклевски истакна дека: „Овие отворени денови се само пластичен показ како училиштетот работи. Постојано во соработка со сите заинтересирани, со цел развој на срината за учење, унапредување на наставата. Децата се суштината на нашето постоење и затоа се правиме се што е во наша моќ да придонесеме кон квалитетен детски развој“
Овие настани се организраат со цел младите лица уште од рана возраст да стекнат компетенции за активно граѓанство и истите да ги подоцна да се вложат во развојот на локалната заедница и целокупното македонско општество.
 
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани