АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Времето утре (28.11): Променливо облачно, попладне и до крајот на денот со врнежи од дожд кои особено во западните делови ќе бидат пообилни и поројни (над 20 л/м2 за 12 часа). На повисоките планини на северозапад врнежите ќе преминуваат во снег. Ќе дува умерен до засилен, а повремено и силен ветер од јужен правец.
ВРЕМЕТО ВО СЛЕДНИТЕ ДЕНОВИ: До вторник ќе преовладува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд, кои на места ќе бидат пообилни и поројни, особено утре во попладневните и вечерните часови и во западните делови. До понеделник ќе дува повремено засилен јужен ветер.