АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
По повод 3ти декември, Меѓународен ден на лицата со попреченост, Завод и музеј Битола, презентираше 22 нови тактилни слики изработени за лицата со оштетен вид.
На паноата се поставени текстови на брајово писмо, тактилни слики, фотографии и текст.
Изложбата може да се посети со закажување во мали групи. Во рамките на проектот се изработени и 22 нарации со описи за предметите и 22 видеа на знаковен јазик.
Раководител на проектот Тактилна изложба со мотиви од постојаната поставка на НУ Завод и музеј Битола е Ирена Ружин, а координаторЈове Парговски. Проектот е поддржан од Министерството за култура