2win800x200

Библиотеката од Битола со богата програма по повод патрониот празник

Декември 04, 2021

По повод патрониот празник на Универзитетската библиотека „Св. Климент Охридски“ од Битола предвидени се низа настани. Оваа година нашиот патрон празник ќе го прошират  со настани по повод „2021 година – 100 години од раѓањето  на Блаже Конески“ со што во период од две недели ќе имаат богата програма по следниов редослед:

 

06.12.2021 (понеделник), 12 часот

-“Роднокрајни автори (мултимедијален ЦД-РОМ) : аудио записи.1“,

 раководители на проектот:  Гордана Пешевска, библиотекар советник

Ленче Андоновска, библиотекар советник

промотор на настанот ќе биди

Милица Димитријовска-Радевскса

 - Зборник на излагања од 16-та Роднокрајна средба на битолските писатели во Македонија

- Списание “Библиотечен тренд“ (бр.52, 2021  г.)

Промотор д-р Николче Вељановски, библиотекар  советник

 

 06.12.2021 (понеделник), 18 часот

Промоција на книгата „Љубомир Трифуновски : персонална библиографија“,

Промотор Љупка Стефановска, етнокореолог

  

07.12.2021 (вторник) – 18 часот

Мултимедијален настан

Филм „Бесмртноста на Блаже Конески“ – автор Искра Талевска, дипл. професор по англиски јазик и книжевност, ментор проф. д-р Силвана Нешковска

Во холот на библиотеката е поставена тематска изложба на книги на тема  „2021 година – 100 години од раѓањето  на Блаже Конески“.Изложбата ќе биде проследена со низа активности во кој ќе бидат вклучени основни и средни училишта.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани