2win800x200

Тече испораката на набавен јаглен во РЕК Осломеј

Декември 17, 2021

ВО РЕК Осломеј тече испораката на 130-те илјади тони јаглен наменети за производство на електрична енергија во комбинатот до април 2022г. Генералниот директор на АД ЕСМ, Васко Ковачевски и членови на Управниот одбор извршија контрола на лице место врз процесот на достава на количините, кои се дистирибуираат до депонијата на ТЕЦ Осломеј, каде се носи и одредена количина од преостанатиот јаглен кој се ископува од речиси целосно исцрпените сопствени наоѓалишта.

Набавенот јаглен се носи од рудник во Берово и рудник од Косово и се испорачува со дневна динамика утврдена во договорот со економскиот оператор. Дополнително се побаруваат уште 180 илјади тони јаглен за РЕК Осломеј и и 810 илјади тони за РЕК Битола, за кои количини има отворен повик со важност за цела 2022г.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани