2win800x200

Концерт во Битола на женската клапа „Виоле“ од Дрвеник и женскиот хор „Градац“ од Хрватска

Декември 18, 2021

По повод божиќните и новогодишните празници, Македонско-хрватското друштво и хрватскиот културен центар „Марко Марулиќ”, во соработка со Центарот за култура Битола, организираа концерт на кој настапија женската клапа Виоле од Дрвеник и женскиот хор Градац од Хрватска. Концерт, кој овој културен центар традиционално го организира секоја година на радост на љубителите на клапското пеење во нашиот град. 

 
„Ова е продолжување на традицијата МХД “Марко Марулиќ“ да организира Божикен и новогодишен концерт, а оваа година на наша покана на концертот настапија далматинската женска клапа “Виоле“ и женскиот вокален состав “Градац“, кои според аплаузот кој го добија по завршувањето на концертот ги исполнија очекувањата на публиката, рече Бранко Маретиќ, претседател на МХД “Марко Марулиќ“, кој додаде дека во публиката имаше Хрвати кои живеат во Битола, но и битолчани кои ја почитуваат хрватската песна и култура, на сите им ги честита претстојните празници, а се заблагодари на оние кои сесрдно помагаат во организацијата на овие концерт.
 
„Овој концерт е едно заокружување на сите наши активности. И покрај сите овие откажувања на настани заради светската ситуација со вирусот, ние успеавме да го организираме овој концерт. Целта и овојпат ни е да ги зближиме уште повеќе двата пријателски народи, македонскиот и хрватскиот, да и пренесеме еден дел од културата и традицијата од Хрватска, на битолската публика.
На тој начин создаваме континуитет на повеќе од 25 години работа. Сакаме на луѓето од Македонија да им го доближиме клапското пеење заштитено од Унеско“, додаде Маретиќ.
 
На настанот беше присутен и градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, кој се заблагодари на поканата и истакна дека е љубител на клапското пеење и се радува дека се продолжува една традиција која Маретиќ ја воведе во Битола.
На сите им ги честиташе претстојните празници и рече дека Битола и во иднина ќе биде центар на културата во Македонија.
 
Потоа настапија далматинската женска клапа “Виоле“ и женскиот вокален состав “Градац“а целата програма беше осмислена со цел на запознавање на публиката со значењето на клапската песна, хрватскиот јазик, далматинскиот дијалект, конобата, традицијата и слично. Клапското пеење е заштитено од Унеско, како нематеријално културно наследство.
Клапата Виоле е основана во 2001 година и оваа година одбележуваат 20 години непрекидна работа. Ја негуваат изворната и компонираната клапска песна. Во своето долгогодишно делување реализираа бројни настапи на поважни манифестации и фестивали, концерти, смотри, меѓународни натпревари во Хрватска и странство. 
Женскиот хор Градац е основан во 2007 та година .
Репертоарот им е составен од класични композиции, духовни и световни од сите музички периоди, со посебен акцент на хрватската изворна музика и домашните композитори, односно далматинските народни и концертни песни како и обработките на песни на познатите хрватски композитори. Дел од нивното долгогодишно постоење се бројните настапи и концерти во земјата и странство, неколку настапи на хрватската телевизија, турнеите надвор од Хрватска и слично. 
 
Клапата “Виоле“ од Дрвеник и женскиот хор “Градац“ од истоименото место во близина на Макарска, преку изведбата на повеќе композиции  презентираа дел од хрватската традиција и култура во Битола. 
„Се собираме да пееме вкупно 20 години, ја негуваме далматинската песна, ги изведуваме и новите автори и секако секогаш внимаваме на тоа да се женски песни. Во сите наши изведби се чувства тој далматински дух“,изјави Душанка Ивичевиќ, претседателка на клапата.
 
Тилда Франиќ од женскиот хор Градац истакна дека постојат од 2007 година, ја негуваат традиционалната музика.
„Ние сме по втор пат во Битола, се заблагодаруваме на нашите домаќини бидејќи навистина сме топло пречекани и се надеваме дека ќе имаме можност да го возвратиме гостопримството следната година.
По аплаузот кој го добиваме кога настапуваме овде, се гледа дека битолската публика ужива во нашите изведби и тоа ни значи“.
 
Сите присутни во салата добија Божиќни подароци кои од Хрватска ги донесоа гостите и сами ги подготвија.
 
 По концертот во хотелот “Премиер – Центар“ се одржа и Божикната забава на овој културен центар, на кој беа разменети подароци и договорени нови настапи, а гостите уште еднаш уживаа во прекраснатите изведби.
За крај гостите подготвија музичко изненадување за публиката, па така изведоа неколку македонски песни меѓу кои  Јовано Јованке, која публиката ја пееше заеедно со гостите од Хрватска.кон
 
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани