АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Битолчанката Ана Ѓоргиев, мајка на дете со пречки во развојот, воедно стопанственик, денеска донираше 83 новогодишни пакетчиња за сите штитеници во Заводот за рехабилитација за деца со оштетен слух, говор, глас и други попречености „Кочо Рацин“ -Битола кој од неодамна функционира како основно училиште со ресурсен центар.
Ѓоргиев донираше и проектори и лаптоп кои им се неопходни во установата во процесот на спроведување на наставата.
-Како мајка на дете со посебни потреби за децата кои се штитеници на Заводот за рехабилитација за деца со оштетен слух, говор, глас и други попречености донесов новогодишни пакетчиња во пресрет на Новата година, а на барање на директорката на установата донесов и 5 проектори и еден лаптоп, изјави Ѓоргиев на денешниот настан во Заводот.
Од Заводот искажаја голема благодарност за гестот на родителот особено што новогодишните пакетчиња ќе ги израдуваат децата, додека проекторите и лаптопот имаат големо значење за непречено одвивање на наставата во оваа установа.