АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Со голем број активности и настани, кои започнаа на 20 април и ќе траат до 9 мај, СОУ „Таки Даскало“-Битола, го одбележува својот патрон празник.
Централната манифестација ќе се одржи денеска, 3 мај, во 17 часот во просториите на училиштето, а како дел од свечената програма, на учениците ќе им бидат врачени благодарници кои СОУ „Таки Даскало“ - Битола им ги доделува на основните училишта за успешна меѓуучилишна соработка. Исто така ќе бидат доделени и пофалници за творби кои конкурираат на поетскиот, ликовниот и конкурсот за најдобра макета „Убав е мојот град“ за учениците од основните и средните училишта во Битола и битолско.
-Со цел да оддадеме почит на нашиот Патрон, Димитар Николовски – Таки Даскало, се обидовме да се сплотиме во учителувањето и учењето, во создавањето и креирањето под мотото „За Даскалот“. Исто така, целта на ваквата богата програма е подобрување на меѓуучилишната соработка, мотивирање на учениците за создавање креативни проекти при тимска работа, како и индивидуални лични творби со коишто задоа учество на трите конкурса распишани од училиштето, велат од СОУ „Таки Дасало“
Во рамките на програмата по повод патрониот празник, во април беа одржани 5 работилници на кои учество зедоа ученици од 10 основни училишта, а како помош и поддршка тука беа и учениците од СОУ „Таки Даскало“ од сите образовни профили. Креативно - образовните работилници беа организирани од голем број наставници од училиштето. Во тек е организација и спроведување на уште неколку работилници од различни области
На 30 април, учениците и дел од професорите од ова средно училиште, го посетија и се поклонија пред споменикот на загинатите борци од НОБ во село Ореово, меѓу кои е и Таки Даскало.