АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Пуштањето вработени на принуден одмор е реваншизам во ЕСМ, но порачуваме дека идната влада на ВМРО-ДПМНЕ нема намера да стави катанец на РЕК „Битола“ туку ќе вложи во негова модернизација и нема да брка вработени, рече Христијан Мицкоски, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ на денешната прес конференција пред РЕК.
„Катрастрофалната состојба во електро-енергетскиот сектор во Македонија и најавата од менаџментот на ЕСМ дека без никаков критериум и методологија ќе бркаат луѓе и да ги праќаат на принуден одмор зашто не успеале успешно да ја раководат компанијата, не е ништо друго освен ревнашизам со неистомислениците. Ние порачуваме дека идната влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ нема намера да го затвора РЕК Битола, туку напротив да вложува во негова модернизација и во еколошките перформанси за заштита на животната средина. Нема да има партиски подбни и неподобрни, туку работници кои си ја вршат или не работата. Идната влада на ВМРО-ДПМНЕ нема намера кон никого да се реваншира и да брка од комбинатот туку планира профитабилно да го води како што го остави во 2017 година со милијарда и пол денари депозити, со над 350 милиони денари на сметка со нула долгови, комбинат кој во тоа време произведуваше ,а денес се послабо произведува’, рече Мицковски.